В петок (5 мај), со почеток во 20 часот, оркестарот на Националната филхармонија ќе го изведе концертот „Вилает“, на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.
На програмата се „Унгарски танц бр. 1“ и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.