Изложбата „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска во КИЦ на РСМ во Софија

од admin_kult

Изложбата „Приспивни сирени“ на македонската новинарка Кристина Атовска вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Посетителите ќе можат да видат околу 50 фотографии во боја, настанати на военото жариште во Украина во 2022 година. Фотографиите се од местата  каде што за време на тримесечниот престој на Кристина Атовска е снимен и истоимениот долгометражен документарен филм, чиј трејлер ќе биде прикажан за време на отворањето на изложбата.

За филмот „Приспивни сирени“, Атовска досега има осум награди од меѓународни фестивали и над 12 селекции. Филмот ја имаше домашната премиера на 27 февруари 2023 година, а светската на 21 април 2023 година на Интернационалниот филмски фестивал Палм Бич во Флорида.

Атовска е автор на публикацијата „Насоки за известување од зона на вооружен конфликт“ изработена како дел од проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, имплементиран од Советот за етика, а кофинансиран од Европската Унија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе