Во малата сала на Филхармонија денеска, понеделник, 25 декември во 20:00 часот ќе се одржи концерт на Скопскиот Брас Квинтет насловен „Брас Фантазија за Тоше”. На програмата ќе се бидат најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти.
Идејата за овој концерт потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма од ралзични популарни композиции од групи како Битлси, Квин, Мајкл Џексон, Биџис и сл. Истите овие композиции се појавувале и низ образовниот процес на секој од членовите на квинтетот по предметот камерна музика. Од тука идејата за изработка на квалитетни аранжмани кои во себе ќе ја содржат музиката од познатите хитови кои Тоше ги пееше, изведени преку автентичниот звук на лимените дувачки инструменти преку креативното перо на Трајко Велков и Зоран Костадиновски.
После неколкуте изведби предвидени во 2024 година, овие аранжмани ќе бидат подарени на музичките образовни институции со цел истите да влезат во редовната програма која идните студенти инструменталисти ќе ја изведуваат во текот на своето школување.