Шеста годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“.

Како што информираат од МСУ, изложбата е составена од дела на уметници кои се во потрага по заемни мрежи на поддршка, исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да го отстранат прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст на глобалните сегашни и историски неправди. Кураторкa на изложбата е Јованка Попова. Во оваа поставка се изложени дела од: Дарко Алексовски (Северна Македонија), Мерием Бенани (Мaроко/САД)  и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада/Франција), Илија Прокопиев (Северна Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (Северна Македонија), Дриант Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе