Четириесет и осмо издание на театарскиот фестивал „Млад отворен театар“

од admin_kult

Од 8 до 18 ноември во Младинскиот културен центар ќе се одржи 48-то издание на театарскиот фестивал „Млад отворен театар“. Во рамките на годинашниот МОТ ќе се реализираат вкупно 29 театарски настани: претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања.

Фестивалот ќе биде отворен со домашна продукција, претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски, на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

И оваа година на МОТ ќе биде доделена наградата „Биш“, иницијатива која започна минатата година како дел од заложбите за поддршка и промоција на домашната независна сцена.

Годинашната програма на МОТ е поддржана од Министерството за култура и од Градот Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе