Програмата на „Охридско лето“ вечер продолжува со концертот на турската пијанистка Ѓулсин Онај во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Богатата кариера на Ѓулсин Онај се протега на сите континенти во над 80 држави – од Венецуела до Јапонија. Концертира во најпознатите светски концертни сали, како: „Концертгебау“ во Амстердам, салата на Берлинската филхармонија, „Концертхаус“ во Виена, „Гаво“ во Париз, „Квин Елизабет хол“ и „Вигмор хол“ во Лондон и др. Нејзините над 20 снимени изданија говорат за нејзиниот голем репертоар, како и за нејзината интерпретативна моќ која се протега од делата за соло пијано и концертите на Хајдн и на Моцарт, па до дела од современи композитори.