Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

од admin_kult

Денеска во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна  седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. 

Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Бегова, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска.

Членовите  на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност.

Советот за култура се свикува на барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе