Во Чифте амам ќе биде промовирана книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику

од admin_kult

Во Чифте амам денеска (24 јануари) во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику.

„Контрапункт, во рамките на својата едиција за критичка теорија, политичка филозофија и современа култура ::Пунктум:: која произлезе од платформата за критичка култура КРИК, ја објавува својата прва книга од македонски автор“, информираат организаторите на настанот, „Контрапункт“ и КРИК – фестивал за критичка култура. Тие нагласуваат дека промоцијата ќе биде во формат на дијалог меѓу Артан Садику и Славчо Димитров, теоретичар во сферата на критичката теорија, родовите и квир наративите.

Артан Садику е истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните практики во политиката и уметноста.

Издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе