Во Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) утре, 15 декември, во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на уметничката група „XXL“, основана во 1994 година во Софија.
Оваа изложба го истакнува, главно, актуелното творештво на групата, a покрај основачите, на неа се претставени и автори кои се вклучени во нејзините активности низ годините.
Како дел од Годишната програма на Националната галерија, проектот е поддржан од Министерството за култура. За реализацијата на изложбата е добиена поддршка и од Државниот институт за култура при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Културно-информативниот центар на Р Бугарија во Скопје.