Трет меѓународен форум на креативни индустрии

од admin_kult

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии, УМПАКИ, Скопје денеска (28 ноември) од 10 часот во киното „Синеплекс“ го организира Третиот меѓународен форум за креативни индустрии на тема „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“.

Културните и креативните индустрии се еден од приоритетите на Европската Унија во последниве години. Во оваа насока се движат и новите стратегиски политики за развој на културата и креативните индустрии на ЕУ. Имено, иноватините пристапи и модели како културно креативно претприемништво стануваат новата водечка филозофија на 21 век во сферата на културата.

На форумот над 20 гости од регионот и од Европа ќе дискутираат за одржливоста во креативните индустрии, одржливото претприемништво, женските бизниси, авторските права, иновациите, со цел да се забрза напредокот во овие индустрии, а со самото тоа да се придонесе кон побрз економски раст и развој.

Форумот е поддржан од Министерството за култура во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), со кој од 1 јули годинава претседава Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе