Триесетина студенти, уметници и заљубеници во уметноста кои се дел од овогодишната работилница за керамика „Терра арт“ ги совладуваат новите техники на изработка и боење на дела од глина.
Иницијаторот и организатор на работилницата, скулпторот Џезаир Реџепи, рече дека годинава покрај постојаните 14 учесници, има заинтересирани кои самоиницијативно се приклучиле за да ги усовршат вештините при изработка на дела од керамика.
Учесниците на работилницата „Терра арт“ која финансиски е поддржана од општина Гостивар и од Министерството за култура творат и учат во просториите на здружението на ликовни уметници „Драудакум“ во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар.