Министерството за култура организира настан за можностите на Креативна Европа – Култура за 2024 година

од admin_kult

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ на 6 декември (среда) во Музејот на македонската борба за самостојност во 10:30 часот, започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура.

Претставници од градот Скопје , неодамна назначен за Европска престолнина на културата (ЕПК) за 2028 година и францускиот Градот Руан, кандидат за Европска престолнина за 2028 година се поканети…и се поканети да ги споделат искуствата на оваа тема. Истовремено,  ќе биде промовиран  проектот „CreArt“  кој партнерски го спроведуваат овие два града и придобивките од Програмата Креативна Европа (Култура) на Европската Унија, а со цел да се охрабрат организациите од културните и креативните сектори во нашата држава да земат активно учество во оваа програма на Европската Унија  и да ја дадат својата поддршка во претставувањето на Скопје . како Европска престолнина на културата во 2028 година.

Претставниците на Канцелариите на Креативна Европа (Култура) од Белгија, Германија, Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Грузија и од Северна Македонија, на работилниците на 6 и 7 декември, во Музејот на македонската борба и во Порта Македонија, ќе ги претстават можностите на Програмата „Креативна Европа Потпрограма Култура“ за 2024 година, како единствен  инструмент на Европската Унија наменет за поддршка на европската културна соработка изразена преку културното творештво и обединување на различностите.

Професионалците ќе го претстават спектарот на можности за финансирање за 2024 година и ќе ги споделат искуствата и предизвиците  поврзани со спроведувањето на Програмата во нивните матични земји. Посебно внимание ќе се посвети на тековниот повик за „Проекти за европска соработка“ за 2024 година, за кој ќе бидат споделени и совети за подготовка на успешни апликации со европска димензија.

Организирањето на овие работилници е во контекст на заложбите на Министерството за култура за олеснување на пристапот на што поголем број корисници од културните и креативните сектори во новата програма на Европската Унија.

Дводневниот транснационален настан е во организација на Министерството за култура и Канцеларијата за Креативна Европа (Култура), во соработка со партнерите и соработници: Градот Скопје (ЕПК 2028),Градот Руан, Франција (ЕПК 2028) и Канцелариите на Креативна Европа (Култура)од земјите членки на Европската Унија (Белгија, Германија, Словенија), земјите од Западен Балкан (Албанија, ЦрнаГора, Србија) и земјите од источното соседство на Европската Унија (Грузија).

„Транснационален и вмрежувачки настан за можностите на Креативна Европа – Култура во 2024 година“

Transnational Networking Event on Opportunities within the Creative Europe Culture Sub-Programme – 2024

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе