Традиционалната „Вечер на ЕУ“ во рамките на „Охридско лето“ со шпанскиот кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоиз Бела Кон

од admin_kult

„Охридско лето“ ја продолжува фестивалската програма со веќе традиционалната „Вечер на Европската Унија”, во чии рамки вечер во црквата „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 21:00 часот, ќе настапат шпанскиот кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоиз Бела Кон.

Домаќини на настанот се амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, и амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Делегацијата на ЕУ седумнаесетта година со ред го поддржува организирањето на настанот „Вечер на Европската Унија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Делегацијата го поддржува учеството на голем број европски уметници на фестивалот, а со тоа ја поттикнува меѓукултурната соработка и размена. Настанот „Вечер на Европската Унија“ почна да се организира во 2007 година со извонредниот настап на Барокниот оркестар на Европската Унија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе