Во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип денеска (понеделник, 11 декември) од 11:00 часот младата публика ќе има можност да ја проследи театарската претстава за деца „Трнорушка“ на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Претставата е во режија на Бојана Краљевска, а во неа играат: Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ. Сценографијата е на Крсто Богојевски, а костимите на Дарко Илиевски.