Театарот Комедија започна со пробите за претставата „Демнејќи го Годо“ од авторот Драго Јанчар, лауреат на годинaшниот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој од 17 до 19 септември се одржува во Скопје.
Премиерата, која е во режија на Сибел Абдиу, се планира за ноември, и е во копродукција со Турски театар од Скопје. Ова е прва соработка помеѓу двете театарски куќи како круна на успешната соработка во изминатите десет години.
Од Театарот информираат дека вчера на првата проба присуствувалe и Јанчар и словенечкиот амбасадор во земјава, Грегор Прескер. Сценографијата е на Љуљзим Бејтула, а костимите на Ивана Каранфиловска-Угуровска. Играат Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет.