„Танец“ на летна турнеја по пандемијата

од admin_kult

Националниот ансамбл „Танец“ во четврток (17 јуни 2021)  од 20.00 ч.  во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе одржи вокално инструментален концерт пред прилепската публика.

Концертот кој ќе се реализира според сите протоколи за заштита од корона вирусот и со ограничен број на публика, е втор концерт од првата серија летни концерти со кои ансамблот ќе се претстави пред домашната публика  низ повеќе градови .

Новата сезона на националниот ансамбл, симболично наречена „Враќање“, започна со целовечерен концерт  во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“  во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Покрај концертот во Велес  и во Прилеп,   „Танец“ во соработка со центрите за култура, ќе одржи концерти  и во Македонска Каменица (24 јуни) и Кавадарци (1 јули), а потоа ќе настапи и во Скопје во рамките на фестивалот „Скопско лето“ (16 јули). Концертите ќе се одржуваат на отворено, а како алтернатива се резервирани и затворените концертни подиуми.

Предвидено е втората серија летни концерти наречена „Танец под ѕвездите“,  каде ансамблот ќе се претстави со својот полн состав, заедно со играорниот кор, да се  реализира на големите сцени во Струмица на 23 јули на плоштадот пред Центарот за култура „Антон Панов“, додека концертите во Охрид (на 26 јули во рамките на „Охридско лето“, кој е од хуманитарен карактер) и Битола (28 јули во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“) ќе се одржат во прекрасните амбиенти на античките театри, заедно со Националниот ансамбл за хрватски народни песни и игри „Ладо“.

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе