Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите средства собрани од продадените билети за февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија. Ова го соопшти директорката на НУ ЦК „Антон Панов“, Танкица Стојанова, која упати апел публиката да дојде во театарот и на тој начин да ја искаже својата хуманост.
Инаку, овој месец на репертоарот на Струмичкиот театар се седум претстави, а вечер на програмата е танцовиот перформанс „Вртоглавица“, во кореографија на Тобиас Драгер од Германија. Настапуваат танчарите: Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Илина Костовска и Елена Стојкоска, а продукцијата е на Платформа Битрикс – Културно-уметнички центар Битрикс во соработка со Младинскиот културен центар и КСП „Центар Јадро“.