Во Министерството за култура интензивно се работи на буџетска анализа и на внатрешно преструктурирање на Буџетот за изнаоѓање начини и решенија за да не биде нанесена штета, особено на другите корисници кои се поддржани со Годишната програма за проекти од национален интерес за тие, без поголеми последици, докрај да ги реализираат своите одобрени проекти за 2022 година.
Министерството за култура максимално се залага за обезбедување на средствата за проектите на активните корисници кои имаат значаен удел во создавањето на културата во земјава, а се надвор од државните институции.
Во оваа кризна година, Министерството за култура со особено внимание ќе го следи почитувањето на договорите со корисниците и затоа апелираме сите поддржани апликанти да ги испочитуват роковите и обврските што произлегуваат од договорите без барање за нивно пролонгирање.