Силвија Перез Круз вечер го отвора 19. „Оффест“

од admin_kult

Со настапот на каталонската пејачка Силвија Перез Круз, вечер во Националната  филхармонија ќе почне 19-от „Оффест“, нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот.

Перез Круз ќе го претстави својот најнов проект „Фарса”, во кој ги комбинира музиката, театарот, филмот, танцот, сликарството, фотографијата и поезијата.

Силвија Перез Круз, еднакво позната во џез, фадо и во фламенко-круговите, со текот на годините прерасна во исклучителен музички раскажувач. Растела во музичко семејство, изучувајќи џез-пеење, пијано и саксофон. За време на студиите во Барселона, заедно со три пријателки, ја формира фламенко-групата „Лас Мигас“ (Las Migas), којашто добива сериозно внимание и огромна популарност низ цела Шпанија.

Од „Оффест“ најавуваат дека наскоро ќе ја објават и комплетната програма на фестивалот, кој годинава ќе се реализира во согласност со протоколот за одржување концерти во затворен простор, ветувајќи извонредно квалитетно, музички раскошно и возбудливо издание на фестивалот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе