Седница на Националниот совет за заштита на културното наследство

од admin_kult

Националниот совет за заштита на културното наследство, стручно и советодавно тело на министерот за култура, на продолжението на втората седница, која се одржа вчера (17.11.2022 г.), разгледа повеќе предлог-акти за прогласување културни добра за културно наследство од особено значење.

На состанокот, на кој присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше отворена поединечна стручна дискусија за секое културно добро.

Во рамките на состанокот, членовите на Националниот совет за заштита на културното наследство едногласно дадоа позитивно мислење за предлозите за прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење: Споменична целина – село Горно Врановци, Општина Чашка, и Саат-кулата во Битола, како и Акт за прогласување на  движно културно наследство – архивска збирка од семејниот фонд: ФОНД 580 „БРАЌА МАНАКИ“ – БИТОЛА 1853 – 1964 за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе