Самостојна изложба на турскиот уметник Ахмет Огут во МСУ – Скопје

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Ахмет Огут со наслов „Скокни!“.

Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова.

– Проектите на Ахмет Огут во голема мера се однесуваат на собирање локални приказни и барање сличности на друго место. За изложбата во МСУ – Скопје, уметникот ќе изработи ново дело – „Скокни!“. Делото е инспирирано од чинoт на солидарност, кога по скопскиот земјотрес во 1963 година, светски познати уметници подарија свои дела, а МСУ – Скопје станува симбол на солидарноста и дом на исклучителна колекција на современа уметност во земјава – информираат од Музејот.

Ахмет Огут е роден во 1981 година. Живее и работи во Амстердам, Берлин и Истанбул. Самостојно изложувал во повеќе музеи и институции низ светот.

Изложбата се реализира со поддршка од: Министерството за култура, Асоцијацијата „Саха“ од Турција, „ЕВН Македонија“ и „Тиквеш“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе