Концерт „Филхармонија за Филхармонија“

од admin_kult

Во Филхармонијата вечер ќе се одржи петтиот концерт „Филхармонија за Филхармонија“ од серијата камерни настапи на музичарите од Oркестарот на оваа национална установа.

На програмата се дела од Бородин, Рота, Шостакович, Бах, Игудесман, Феранте, Бетовен и  традиционална клецмер-музика.

На овој концерт ќе настапат: Гудачкиот квартет „Лумос“ (Lumos) (Љубица Делева Поповска – виолина, Ѓорѓина Ивановска – виолина, Александар Лаовски – виола и Љупка Каевиќ – виолончело), Енис Аљи – виолончело и Александра Чуруковска – контрабас),  Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис  – виолина и Весна Ангелова-Христов  – пијано, дуетот виолини Ана Кондратенко и Бојан Илкоски, Камерниот ансамбл „Консонанс“ (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Игор Бакревски – кларинет, Љупчо Чедомирски – кларинет и Сашко Темелковски – бас кларинет) и квартетот „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талески – виола и Марија Михајловска – виолончело). 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе