Во галеријата во Куќата на Робевци во Охрид денеска, од 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ од авторот Трајче Чатмов.
На изложбата ќе бидат претставени 20-ина дела работени во техниката акрил на платно. Станува збор за слики кои не биле изложени досега и се продолжување на циклусот „Интимно понирање“, како и слики со нова колористична гама.