Саемот на книгата оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до аквапаркот кај А1 Арена – СЦ „Борис Трајковски“.
– Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот на книгата може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. Притоа Скопје покажа дека Саемот на книгата му е неопходен како еден вид духовна храна каде што читателите може да ги изберат своите омилени парчиња – велат организаторите на настанот.
Годинашното мото на Саемот на книгата е „Безбедни саеми“, а настанот е поддржан од Министерството за култура.