Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје ја доби наградата Гран при за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.
„Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава“, се вели во одлуката на жирито.
„Новосадски театарски игри“ е меѓународен фестивал за професионални театри за деца и младинци кој почна да се одржува од минатата година во чест на 90 години од основањето на Театарот за млади, а симболично и во годината кога Нови Сад ја носеше титулата Европска престолнина на културата.
Во рамките на годинашното издание се одиграа петнаесет претстави на театри за млади од Балканот и од Европа.