Дино Имери со рецитал во Филхармонијата

од admin_kult

Познатиот македонски пијанист Дино Имери денеска, среда (17 мaj), со почеток во 20 часот, во големата сала на Филхармонијата, ќе одржи концерт  инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција.

Во рамките на програмата ќе бидат интерпретирани дела од Мануел де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел, како и делата „Кармен“ и „Шпански валцер“ од Жорж Бизе, во аранжмани на Владимир Хоровиц и Аркадиј Володос. 

Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени  низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе