Реномираниот пијанист Дино Имери одржа концерт во Софија

од admin_kult

Македонскиот пијанист и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во салата „Бугарија“ во Софиската филхармонија.

Нашиот пијанист настапи пред софиската публика  свирејќи ја симфонијата бр. 2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев.

Ова е шести настап на Имери со Софиската филхармонија. Меѓу многубројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на РСМ, беше и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.

Имери го посети и Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе