Промоција на „Viola arsenica; белешки за поезија“ од Влада Урошевиќ во МКЦ

од admin_kult

Вечерва во 21 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата „Viola arsenica; белешки за поезијата“ од Влада Урошевиќ. Промоцијата се одржува во рамки на фестивалот на европската литература „Букстар“.

Промотор на изданието ќе биде Владимир Мартиновски, извадоци од книгата ќе интерпретираат писателите Ана Голејшка-Џикова и Иван Шопов, а модератор ќе биде Владимир Јанковски.

„Viola arsenica; белешки за поезијата“ е книга во која авторот ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори. Во книгата се опфатени записи од целиот творечки живот на Урошевиќ. Првите текстови датираат од 1959 година, а некои од последните текстови се напишани непосредно пред излегувањето на книгата.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе