Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, денеска (9 март 2023 г.), во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска.
Книгата е преведена на бугарски јазик од Маријан Петров и е во издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија. На промоцијата, како што најавуваат од КИЦ на Северна Македонија во Софија, пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.
Младата македонска писателка Фросина Пармаковска им е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“, за која ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.