Најновата книга од академик Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки: раскази од Латинскиот кварт“ во издание на „Или-Или“, вечер ќе биде промовирана во киното „Фросина“ во МКЦ.
Книгата, низ разговор со авторот, ќе ја претстави писателот Гоце Смилевски. Според Смилевски, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза.
Изданието на „Вонземјанки: раскази од Латинскиот кварт“ е поддржано од Министерството за култура.