Проектот „Штампање заеднички простор“ добитник на престижната награда „Ранко Радовиќ“ во Србија

од admin_kult

Kолаборативниот проект „Штампање заеднички простор“, во кој учествува македонскиот визуелен уметник Филип Јовановски, во соработка со студенти од ФДУ и од Архитектонскиот факултет од Скопје, како и од факултети од Нови Сад и Риека, ја освои престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”, во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија, за 2022 година.

Наградата, која го носи името на архитектот Ранко Радовиќ, е востановена со цел да се поттикне, развие и да се афирмира критичко-теориската мисла во областа на архитектурата и архитектонското творештво, и со тоа да се воспостават критериуми за нејзино вреднување во Србија и на меѓународно ниво, што подразбира вклучување на државите од поранешна Југославија и земјите од светот со кои соработувал или во кои работел Ранко Радовиќ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе