Претставата „Разведи ме“ на Театарот „Провокација“ прогласена за најдобра на Фестивалот во Топола

од admin_kult

Приватниот Театар „Провокација“ од Скопје на 9. Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола, Република Србија, доби награда за најдобра претстава на Фестивалот.

Селектор на Фестивалот беше познатиот актер Ирфан Месур, а стручното жири го сочинуваа актерите: Томислав (Тома) Трифуновиќ (претседател на жирито), Сергеј Трифуновиќ и Весна Станоевиќ.

Театар „Провокација“ на 10 септември со оваа претстава гостуваше и на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе