Приватниот Театар „Провокација“ од Скопје на 9. Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола, Република Србија, доби награда за најдобра претстава на Фестивалот.
Селектор на Фестивалот беше познатиот актер Ирфан Месур, а стручното жири го сочинуваа актерите: Томислав (Тома) Трифуновиќ (претседател на жирито), Сергеј Трифуновиќ и Весна Станоевиќ.
Театар „Провокација“ на 10 септември со оваа претстава гостуваше и на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.