Ансамблот на НУ Народен театар – Битола е подготвен за премиерна изведба на пиесата „Мајка“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски.
Според режисерот Мицевски, претставата се занимава со проблемите на едно семејство за кое на специфичен начин пишува авторот Зелер. Од Театарот информираат дека режијата во претставата се базира на почит и респект кон генијално напишан текст, како и со респект кон екипата што ја подготви премиерната претстава.
Главните улоги ги толкуваат Соња Михајлова и Петар Горко, а со нив ќе настапат и Марија Стефановска и Антонио Китановски.