Прес-конференција на локалитетот кај скопскиот Аквадукт

од admin_kult

Почитувани,

Ве каниме на прес-конференција на локалитетот кај скопскиот Аквадукт, утре, 2.9.2021 година (четврток), во 11 часот.

Тема на  прес-конференцијата е отпочнување на конзерваторски работи на овој значаен споменик на културата, кој од неодамна со Одлука на Влада е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

На прес-конференцијата ќе се обратат: министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов и директорот на Конзерваторскиот центар-Скопје, Коле Чапкановски.

Покануваме новинари и сниматели да ја проследат прес-конференцијата, која ќе се одвива согласно протоколите за заштита од ковид.

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе