Премиера на „Франкештајн“ вечерва во Театарот за деца и младинци

од admin_kult

Младинската претстава „Франкештајн“, работена според истоимениот роман од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ од Србија, премиерно ќе биде изведена вечер во НУ Театар за деца и младинци. Драматизацијата на претставата е на Димитрије Коканов од Србија и Драгана Лукан Николоски.

Претставата „Франкештајн“претставува едно модерно читање на романот на Мери Шели и се занимава со темата за создавањето чудовишта во секојдневието и нивното прифаќање.

Од НУ Театар за деца и младиници информираат дека претставата „Франкештајн“ се препорачува за возрасни над 14 години.

Во претставата играат актерите: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанкевска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе