На сцената на Драмскиот театар – Скопје утревечер (28 декември) во 20:00 часот премиерно ќе биде одиграна претставата „Падот на Масада“, според текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски.
Улогите во претставата ги играат: Александар Степанулески, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковски и Емилија Мицевска. Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајковски.
Претставата „Падот на Масада“ е последната премиера во Драмскиот театар за годинава.