Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во Театарот за деца и младинци

од admin_kult

Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ премиерно ќе биде изведена утре, 22 ноември, со почеток во 20:00 часот во Театарот за деца и младинци.

Претставата „Како ќе го делиме мачорот“,  во режија на Јане Спасиќа, ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес.

Улогите ги толкуваат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Сценографијата е на Кирил Василев, а костимограф е Бранкица Јордановска.

Претставата е наменета за возраст од 12 години и нагоре.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе