Предавање на Јован Шумковски во МСУ

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност денеска (7 мај), од 10:30 до 12 часот, предавање ќе одржи уметникот и професор Јован Шумковски.

Предавањето, кое е дел од програмските содржини на Одделот за едукација на Музејот, е наменето за студенти од ликовната академија и историја на уметноста, за млади уметници, но е отворено и за поширока публика.

Големата ретроспективна изложба на Јован Шумковски со наслов „Вода/Ѕид“, која сѐ уште е поставена во Музејот, е повод тој да проговори за неговите дела и за професионалниот уметнички багаж.

Јован Шумковски е еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чија четиридецениска уметничка практика е дефинирана од постојаниот интерес за истражување и критички осврт во сферата на уметничкото изразување. Шумковски има реализирано над дваесет самостојни изложби во државава и во светот. Во 1995 година ја претставувал Македонија на познатото Биенале во Сао Паоло, Бразил, а во 2001 година на Биеналето во Венеција. Учествувал на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Шумковски од 2002 година е редовен професор на ФЛУ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе