Почина реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик, Линдита Ахмети. Родена во 1973 во Призрен, Ахмети се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и живееше.
Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други.
На македонски јазик се издадени збирките песни: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“. Нејзините дела беа преведени и на бугарски и на полски јазик. Добитничка е на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.