Во време на неизвесност, многумина од нас се свртуваат кон книгите за да се оттргнат од изолацијата и загриженоста.
Имено, книгите имаат незаменлива моќ да разонодат, да нè подучуваат истовремено да можеме да се оттргнеме од себе си, да се сретнеме со некој писател или со некоја писателка, со некоја култура, да си подариме време за себе или да проникнеме подлабоко во себе. На тој начин книгите, страница по страница, трасираат интимни патишта во човечката мисла во сите времиња и насекаде, што се нарекув слобода.
Ете токму од таа маѓија на книгите ние имаме потреба во овој период кога заеднички се потсетуваме колку многу литературата и сите уметности се значајни.
Со одбележувањето на книгите, ние исто така ги славиме писателите и писателките, кои ни ги даваат тие делови од животот, тие светови, тој прозорец и поглед кон светот затоа тоа се случува на 23 април, на денот кога починал Вилијам Шекспир, Мигуел Севантес и Де ла Вега, кои веќе четири векови ја хранат нашата имагинација.
Со нив, ние им оддаваме почит на сите професии поврзани со книгата, со издаваштвото, со печатењето, како и со преведувањето, кои го овозможуваат ширењето на нашето литературно културно наследство и кои овозможуваат нови креации, за да се најде место за изразување и размена на идеите.
Овие професии треба да се споделуваат и да се вреднуваат. Тоа ни се чини уште по веродостојно во овој период на КОВИД-19, кој галопира и претставува сериозна и трајна закана за економијата и културата.
Од тие причини УНЕСКО го валоризира трудот на издавачите, благодарејќи на Меѓународното здружение на библиотекарски асоцијации и институции – ИФЛА и на Меѓународното здружение на издавачи.
За да може моќта на читањето да се реализира во потполност и за да може секој од нас да си најде прибежиште, сон, знаење и размисла важно е да постои достап до книгите. Тоа е идејата зошто Куала Лумпур стана на овој 23 април Светска престолнина на книгата во 2020 година, пред сé поради одлуката да се бори против неписменоста и за инклузија на книгата.
Во ова време читањето е толку скапоцено, нашата заедничка заложба за поврзување со и во читањето го добива своето вистинско значење,
На овој Светски ден на книгата и на авторското право, ве поканувам сите вас мажи и жени да почнете да ги вртите страниците на книгите за да најдете свеж здив за сегашноста и за иднината.