Покана за брифинг со министерката за култура Костадиновска-Стојчевска

од admin_kult

Утре (2 ноември) во Клубот на пратениците со почеток во 10 часот, министерката за култура Бисера Костиновска -Стојчевска ќе одржи брифинг за медиумите.

Ги покануваме главните уредници  на медиумите и соработници кои известуваат за теми од областа на културата.

На брифингот ќе стане збор за Годишните конкурси од областа на културата кои траат до 6 ноември, како и за други актуелни теми од културата.

Напоменуваме дека е предвидено брифингот да се одвива без фотографирање и без камери (off record).

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следнава е-адреса: info@kultura.gov.mk.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе