Повик за учество на Драмскиот аматерски фестивал

од admin_kult

Во тек е повикот за учество на 58. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој годинава треба да се одржува од 22 до 28 мај.

Право на учество имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање, кои творат на полето на драмскиот аматеризам, во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели.

На ДАФ се прикажуваат автори и дела, како и театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и го одредуваат учесниците во натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови.

Пријавите за учество и снимените материјали (во електронска форма) треба да се достават најдоцна до 20 април 2021 година, на е-поштата: festivaldaf@gmail.com

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе