Со концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во Пустец, вечер ќе почне 15-тото издание на фестивалот „Македонско културно лето“.
Организатори на фестивалот се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир. Фестивалот ќе се одржува до 5 јули, кога премиерно ќе биде изведена претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени наградите за најдобрите актер и актерка.
Претставите ќе почнуваат во 20 часот и ќе се одиграат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Годинашното издание на фестивалот „Македонско културно лето“ е поддржан од: Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Албанија, Обединета македонска дијаспора, компанијата „Кромберг и Шуберт“ – Битола, Град Скопје, Општина Велес, Општина Пустец, „Кожувчанка“, Велешки театар и Театар Комедија – Скопје.