Отворање на 6.Меѓународна изложба „Ex Libris – Скопје 2023“

од admin_kult

Стотина графики од современи автори од земјава и од светот ќе бидат претставени на 6. Меѓународна изложба „Ex Libris – Скопје 2023“, што ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во  Културно-информативниот центар – Скопје.

Делата се изработени во различни традиционални графички техники, како: линорез, сува игла, бакропис, мецотинта, акватинта, фотолитографија, како и современи техники – дигитална графика – и нивно комбинирање.

Изложбата е биенална, а првото издание се одржа во 2012 година. Колекцијата од изданијата на Меѓународната изложба „Ex Libris Скопје“ досега има над 600 дела од 300 автори од четириесетина земји.

Оваа изложба има цел да го поттикне интересот кон традиционалните графички техники и да ја освежи колекционерската култура на книгите, наведува КИЦ во најавата за изложбата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе