Онлајн манифестација „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“

од admin_kult

 „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“  е настанот со кој денес, 19 мај 2022 година,  во 12 часот преку платформата Зум, ќе започне манифестацијата „Денови на македонската литература“.   

Манифестацијата, која е по повод 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на Ацо Шопов, е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

На настанот акцентот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа преку која се овозможува достапност до поголем дел од творештвото на Шопов – документи, податоци, видеоматеријали, фотодокументација, како и критички одгласи за неговата поезија.  Со ова ќе се овозможи достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и преведувачите, студентите и за македонската академска заедница во целост.

Сите заинтересирани ќе може да го проследат настанот преку платформата Зум:

https://us02web.zoom.us/j/82945121947?pwd=KLix_zDIj3fuTTskA-tNgxZ4sE4ids.1

Во рамките на литературната манифестација „Денови на македонската литература“, следната недела, во виртуелен формат, ќе се одржи и средба со писатели и поетско читање на млади македонски автори.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе