Од 6 до 9 јуни ќе се одржи 23. издание на традиционалниот „Офф-фест“ (OFFest)

од admin_kult

Дваесет и третото издание на традиционалниот „Офф-фест“ (OFFest) ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, МКЦ и во Кинотеката на РС Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма.

Во Националната опера и балет утревечер, фестивалот ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: „Бомбино“, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди „Би-си-ју-си“ (BCUC), познати по импресивните настапи во живо. Предвидени се настапи на холандскиот секстет „Бои Аки“ (Boi Akih), француско-етиописката група „Куту“ (KUTU), гитаристот Виценте Амиго и други.

Целата програма е достапна на следнава врска: Offest 2024

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе