Министерството за култура информира дека е распишан повикот за одредување „Медитерански град на културата и дијалогот“ за 2025 година, во рамките на Унијата за Медитеранот.
Конкурсот, кој беше објавен на 25 април 2023 година и ќе трае до 23 јули 2023 година, е достапен на следниов линк:https://ufmsecretariat.org/mediterranean-capitals-of-culture-and-dialogue/.
На 24 ноември 2022 година во Барселона, Шпанија, на Состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата за Медитеранот беше усвоена Министерска декларација со која беше одобрено пристапувањето на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот (УзМ).
Во духот на градењето мостови и поттикнување на разбирањето меѓу културите, 43-те земји-членки на Унијата за Медитеранот минатата година, за време на нивниот 7. Регионален форум, ја започнаа иницијативата „Медитерански главни градови на културата и дијалогот“.