Објавена книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничкитедела“

од admin_kult

Издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“ од Снежана Филипова.

Во книгата авторката пишува за изгубеното и за украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството.

Филипова пишува и за значајни примероци на црковен вез, реликвии, мали икони …, а книгата содржи и шеесетина фотографии и скратена верзија на текстот на англиски јазик.

Д–р Снежана Филипова дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала на Институтот за средновековни студии во Будимпешта, Унгарија, а докторирала на Филозофскиот факултет во Белград. Досега објавила над 60 стручни и научни трудови, како и седум стручни книги.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе