НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот Неколку нијанси женски приказни кој ги величи и отсликува жените и нивни успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денес.
Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.
Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб локацијата www.mmb.org.mk како и каналите на комуникација на социјалните мрежи. Неколку нијанси женски приказни се достапни на https://tinyurl.com/y857h95a и на https://youtu.be/_06atF51SkI.
Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.